Регион 25. февруари 2020. / 13:11

Потврден првиот случај на Ковид-19 во Хрватска

Потврден првиот случај на Ковид-19 во Хрватска

Потврден е првиот случај на корона вирус во Хрватска.

„Се работи за мла човек, тој се наоѓа во Клиниката за инфентивни болести „Фран Михаљњвиќ“, во Загреб, потврди хрвтскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој рече дека хоспитализираниот маж е во добра состојба.

„Денеска во 11:30 ги добивме резултатите од хрватскиот државјанин кој престојуваше во Милано од 19. до 21. февруари. Тој покажува поблаги симптоми на болеста. Преземаме мерки на претпазливост“, рече  хрватскиот министер за дравство Вили Берош.

Тој додаде дека здравствени служби ќе се фокусираат на контактите што ги имал заразениот маж.

Се уште се очекува обраќање на директорот на Клиничкиот болнички центар Ријека кој треба да информира за состојбата на деветмината Хрвати кои се хоспитализирани по враќањето од Италија.