Регион 06. ноември 2019. / 15:42

Потоп во Црна Гора: Поплавени куќи и патишта во прекин

Потоп во Црна Гора: Поплавени куќи и патишта во прекин

Силно невреме пропратено со обилен дожд и јужен ветер, што ја зафати Црна Гора, предизвика големи проблеми во сообраќајот, а поплавени се и голем број објекти.

Поради одрон во прекин е патот Мојковац-Жабљак, а поради големината на одронот не се исклучува дека тој регионален патен правец ќе биде целосно ставен во прекин. Како што јавуваат црногорските медиуми, во регионот на Мојковац се излеани сите реки, поради што сите општински служби се излезени на терен во обид да превенираат поголеми штети.

Во прекин е и патот Подгорица-Колашин, поради одрон и надојдена вода кај местото Луговац.

Бранот обилни врнежи предизвикаа огромни проблеми за граѓаните на приградските населби на Никшиќ, каде што се отсечени десетици куќи и покрај бројните интервенции на екипите од Службата за заштита и спасување.