Регион 15. јули 2020. / 09:25

Поранешниот романски премиер прогласен виновен за плагијат во својата докторска дисертација

Поранешниот романски премиер прогласен виновен за плагијат во својата докторска дисертација

Романски суд го прогласи поранешниот премиер Виктор Понта виновен за плагијат.

Врховниот суд во Романија откри дека поранешниот премиер плагирал големи делови од неговата докторска дисертација. Тој го сторил тоа со едноставно копирање на составните делови на други текстови и вклучување во дисертацијата без наведување извори, со што ги потврди наводите во обвинението, поднесено во 2012 година.

Научното списание „Nature“ беше првиот што укажа на плагијат во дисертацијата на Понта, по што етичкиот комитет на универзитетот во Букурешт едногласно потврди дека Понта препишал 115 од 297 страници содржани во неговата дисертација.

Понта (47) беше премиер на Романија од мај 2012 до ноември 2015 година.