Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека единствен стратешки стремеж на Косово, без оглед на предизвиците со кои се соочува, е евроатлантската ориентација и приемот во Европската унија и во НАТО.
Во порака по повод Денот на Европа, Тачи им се заблагодари на сите европски земји кои дале прдонес за слободата и независноста на Косово.
Поминаа 70 години од времето кога идејата за економски развој меѓу основните држави на стариот континент стана основа за јакнењето на мирот, просперитетот и визијата на Европската унија. Косово како млада и суверена држава им се заблагодарува на сите европски држави кои дадоа историски придонес за неговата слобода и независност – порача Тачи.