Првиот човек на новинарската асоциација, Александар Чипа, вели дека во периодот 2017/2018 година се зголемил бројот на новинари кои побарале азил во земјите на ЕУ и САД, поради опасностите во работата, а многу други бараат државјанство во други земји.
„Речиси сите од нив имаат пополнети досиеја со докази и документи за заканите при извршување на нивната задача и се подготвуваат да заминат“, изјави Чипа.
Само два дена по нападот со огнено оружје врз домот на родителите на позната албанска истражна новинарка Клодијана Лала, закани доби и локален новинар во градот Лач.