Регион 19. февруари 2021. / 15:46

Поради пандемијата, се одложува пописот во Хрватска

Поради пандемијата, се одложува пописот во Хрватска

И Хрватска одлучи да го одложи пописот на населението кој требаше да се одржи од 1 април до 7 мај оваа година, поради пандемијата со коронавурусот. Oва е првпат во последните 80 години, од почетокот на Втората светска војна пописот кај нив да биде одложен, пренесува ХРТ,. Од националната телевизија велат дека не е познат новиот датум кога ќе оилне попишувањето.

За ова пратеникот Антонио Милошоски потсетува дека Хрватска има 1.322 починати на еден милион жители, додека во Македонија стапката на смртност е 1.450 на милион жители.

Додава и дека одлука за одлагање на пописот имаат донесено и Србија, Бугарија, Германија, Шкотска, Ирска, Косово, Аргентина, неколку сојузни држави во САД, а ваквата опција се разгледува и од властите во Чешка.