Силно невреме и намалена видливост во Сараево предизвикаа проблеми во доцните попладневни часови и протокот на воздушниот сообраќај. Два авиони не успеаја да слетаат и беа пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб, пренесува порталот Кликс.
Авион на компанијата „ФлајДубаи“, кој летал од Дубаи кон Сараево требало да слета на аеродромот во Сараево во 17:55 часот. Тој кружел околу половина час, но не успеал да слета и полетал за Белград.
Авионот „Јуровингс“ од Штутгарт, кој требало да пристигне во 17.10 часот, бил пренасочен кон Загреб, по 10-минутно кружење над сараевскиот аеродром.