Регион 14. февруари 2021. / 09:25

Полицијата расчисти забава во Белград на која имало повеќе од 700 луѓе

Полицијата расчисти забава во Белград на која имало повеќе од 700 луѓе

Комуналната полиција во Белград во еден од клубовите на Ташмајден затекнала повеќе од 700 гости по завршување на работното време, пренесуваат српските медиуми. Полицијата наложила клубот веднаш да престане со работа.

– Комуналната полиција затекна повеќе од 700 лица кои биле во објектот после 20 часот. Сцената беше неверојатна. Повеќе од 40 минути го празниме клубот и уште не можеме да го испразниме. Ги чекаме другите инспекции кои треба да го проверрат работењето на овој објект, изјавил за „Блиц“ директорот на комуналната полиција Иван Дивац.

Пред влезот на клубот, како што објавуваат медиумите имало уште 50 луѓе кои чекале да влезат.