Необичен настан се случи во Хрватска каде полицијата во голема потера фати маж, а при апсењето тој почина.
Хрватските медиуми денеска пишуваат дека во ноќта, петок кон сабота, починал 44-годишен маж кого го виделе како прави прекршок во сообраќајот и почнува да се движи во спротивна лента.
Кога ја видел полицијата фрлил од возилото торба со засега непознати предмети и почнал да бега, а кога полицијата конечно го стигнала, почнал тешко да дише. Тие веднаш го одврзале и му пружиле прва помош, но тој починал на местото на настанот.