Регион 09. мај 2018. / 21:20

Погребана жената која сопругот ја закла пред децата: „Стани мамичке….

Погребана жената која сопругот ја закла пред децата: „Стани мамичке….

Јелена Грбиќ (38) од Косјериќ, која невенчаниот сопруг Иван Радовановиќ (34) ја закла пред очите на трите синови, е погребана вчера на локалните гробишта во ова мало градче.

Покрај нејзиниот ковчег стоеја синовите Дејан (17) и Дарко (13), кои со лелеци ја довикуваа својата мајка: „Да си одиме одовде, мамичке, ова место не е за тебе!“ Нивниот тригодишен брат Давид не беше на погребот, туку останал кај стрикото.

Јелена Грбиќ до гробното место ја испратија синовите, роднините и соседите.

Синовите Дејан и Дарко не се одвојуваа од ковчегот на својата мајка.

-Судбино, како да останеме без мајка? Ајде мамо, стани, дојди со нас дома – плачеа синовите над ковчегот на Јелена, додека ги гушкаше стикото Милан.

Ковчегот со телото на Јелена беше покриен со бела покривка, на која стоеше сликата од убиената жена. Свештеникот Раде Трајковиќ ги тешеше синовите на Јелена, додека се гушеа во солзи.

-Вашата мајка страдаше од раката на злосторник кој немаше човечност, ниту добрина. Таа денеска заминува и ве остава вечно да ја оплакувате – зборуваше свештеникот, додека сите плачеа и тажно воздивнуваа кон небото на Косјериќ.

-Имаш тешка задача, на овие деца да им ги замениш и таткото и мајката, да им ја олесниш болката и да им помогнеш да бидат подобри луѓе. Во тоа треба да ти помогне сопругата, му се обрати свештеникот на стрикото.

Злосторникот Иван Радовановиќ, кој е уапсен 15 часа по злосторството ќе биде сослушан во текот на денот.

Убиецот со часови се криел во блиската шупа од каде го набљудувал увидот и го слушал разговорот на полицајците. Пронајден е кгоа сопственикот на шупата се посомневал дека се крие внатре, зошто вратата била затворена.
-Полицајците ја искршиле вратата и го пронашле на таванот. Не давал отпор при апсењето. Во рацете го држел крвавиот нож со кој ја заклал невенчаната сопруга, рече соседот кој присуствувал на апсењето.

Тој додава дека Јелена редовно добивала ќотек од Иван и дека поради тоа неколку пати го пријавувала.

-Често ја гледавме со модрици по лицето и рацете. Тој беше во затвор зошто ја претепа Јелена. Требаше повторно да оди на робија поради насилство во семејството, беше осуден на година дена. За жал, злосторството го направи пред да оди зад решетки, раскажува на гробишта еден од соседите.

Закланата жена паднала врз синот

Истрагата утврдила дека убиецот дошол пред куќата на Јелена во понеделникот, околу полноќ. Ја скршил вратата и влегол во куќата, во моментот додека децата спиеле.

-Ја нападнал Јелена, ја пцуел и ја удирал. Децата се разбудиле и се обиделе да ја заштитат, но не успеале во тоа. Извадил нож и ја заклал Јелена, а таа паднала преку синот Дејан, а крвникот побегнал, вели извор од истрагата. Сиот крвав, Дејан отрчал до блиската болница и повикал лекари. Неговото викање го слушнале соседите. За Јелена веќе било доцна. Искрварила на креветот во собата.

Напишал молба

Убиецот, Иван Радовановиќ три пати е осудуван поради насилство во семејстовото. Тој најпрво одлежал 6 месеци во текот на 2015 година. Веќе во 2016 година бил во затвор 9 месеци,а по излегувањето ја претепал Јелена и поради тоа е осуден на година дена. Требало да дојде да ја отслужи казната, но пишувал молба за одлагање и токму овие денови требало да оди во затвор, вели изворот.