Регион 11. мај 2020. / 18:15

Подметната бомба во сервисот на „Порше“ во Загреб

Подметната бомба во сервисот на „Порше“ во Загреб

Евакуиран е сервисот на „Порше“ во Загреб, откако наводно била пронајдена бомба во автомобил, објави порталот „Индекс“.

Медиумот објави дека наводно во еден од автомобилите донесен во сервисот на „Порше Интер авто“ во Загреб била пронајдена импровизирана експлозивна направа .

Сервисот, бил веднаш евакуиран. Полицијата и деминери излегле на терен за да проверат за каква експлозивна направа станува збор.