Регион 29. декември 2020. / 13:24

Починаа 56 лица од Ковид 19 во Хрватска, 1.350 новозаразени

Починаа 56 лица од Ковид 19 во Хрватска, 1.350 новозаразени

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.350 нови случаи на корона вирус, а починале 56 пациенти.

Бројот на активни случаи во земјата е 7.673. Меѓу нив 2.654 се на болничко лекување, од кои 254 се на апарати за дишење.

Вакцинацијата во Хрватска почна во неделата, а до синоќа се вакцинирани околу 5.800 лица, од кои 4.500 лица се во домови за стари лица, а 1.300 лица се здравствени работници.