Угостителот Антониот Нино Керњуш починал вчера во самоизолација во Истра бидејќи бил позитивен на коронавирус, потврди директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство.
Потврдено е вчера со тест дека лицето било позитивно на коронавирус. Меѓутоа дали причина за смртта е вирусот или не, треба да каже патологот по извршената обдукција, истакнал директорот.
Семејството на починатото лице тврди дека здравствените власти не реагирале на време и постојано ја одложувале интервенцијата.