Регион 13. февруари 2020. / 12:56

По татко му, брат му и братучед му: Црногорец стана најновата жртва на мафијашката војна во земјата

По татко му, брат му и братучед му: Црногорец стана најновата жртва на мафијашката војна во земјата

Ново убиство за кое се смета дека е дел од мафијашката војна меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан ја потресе Црна Гора. Последната жртва на борба на двата најмоќни мафијашки кланови е 37-годишниот Шчепан Рогановиќ, кој е убиен кај Канли кула во Херцег Нови.

Шчепан е најновата жртва во исто семејство. Неговиот татко, Нико Рогановиќ беше убиен во јули 2017 година во наслебата Савинска дубрава. Истата година во експлозија на подметната бомба кај главната автобуска станица на Херцег Нови, неговиот брат Душко остана без двете нозе. Неговиот, пак, братучед, Владимир Рогановиќ беше ликвидиран во Виена.

Според пишувањата на црногоските медиуми, се смета дека фамилијата Рогановиќ е во врска со Кавачкиот клан, поради што се смета дека и ива убиство е дел од војната против „Шкаљарците“.

Истрагата за ликвидацијата е во тек, а увид на местото врши Випиот државен обвинител од Подгорица.