Регион 13. јули 2020. / 13:25

По првпат во Албанија троцифрена бројка новозаразени со Ковид-19

По првпат во Албанија троцифрена бројка новозаразени со Ковид-19

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 117 новозаразени со Ковид-19, што е прва троцифрена бројка од појавата на пандемијата.

Но, паѓа во очи и зголеменот бројот тестови направени во едно деноноќие. За разлика од досега кога максимум се правеа до 420 сега извршени се 585 тестови.

Во последните 24 часа починати се двајца пациенти во Инфективната клиника, со што бројката на починати се зголеми на 95.

Паралелно со зголемувањето на бројот на новозаразни се зголемува бројот на хоспитализирани или 85,од кои 10 се на интензивна терапија, додека четворица се интубирани и се во тешка здравствена состојба.