Регион 07. јули 2020. / 19:32

По 13 починати од Ковид-19 во еден ден, Србија го враќа полицискиот час

По 13 починати од Ковид-19 во еден ден, Србија го враќа полицискиот час

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на вонредна прес-конференција го најави враќањето на полицискиот час. Исто така најави и други рестриктивни мерки, односно од утре се забранува јавно собирање на повеќе од 5 лица.

Денеска имаме најтежок ден. 13 починати. Најсериозна е ситуацијата во Белград. Од утре има забрана на собири на повеќе од 5 лица. Од петок полициски час. Лично би сакал тоа да биде во цела Србија, но здравствените власти ќе одлучат, најави Вучиќ.

Тој истакна дека Србија ќе излезе како победник од оваа ситуација, и дека први ќе ја подигнат економијата и први ќе излезат од кризата.

Вучиќ истакна дека болниците се полнат со полн интензитет, и дека ако продолжи вака, наскоро ќе нема слободни кревети. Денеска во Србија се регистрирани нови 299 случаи на коронавирус, и 13 починати лица.