Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во интервју за француски „Ле Монд“ изјави дека масовниот одлив на луѓе од источните кон западните земји членки на Европската Унија е егзистенцијално прашање.
Пленковиќ посочи дека Хрватска поради миграцијата годишно губи популација колку еден град со 15.000 луѓе. Тој потенцираше дека, сепак, поради овој проблем не може да се ограничи слободата на движењето на луѓето, затоа што тоа е едно од најголемите придобивки од европскиот проект.
– Новите земји членки мораат и понатаму да ја користат европската помош за да ги стигнат развиените држави и да го намалат социјалниот јаз – изјави хрватскиот премиер.
Пленковиќ во интервјуто одговара на прашања од повеќе теми, шри што порача дека во Европа мора повеќе да се разговара за растечкиот популизам, затоа што, според него, незадоволството кај граѓаните е одлично тло за популистите кои го користат тоа.