Регион 20. октомври 2018. / 10:23

Пленковиќ: Ништо нема да ја урне хрватската влада

Пленковиќ: Ништо нема да ја урне хрватската влада

Нема да ме урне никаква иницијатива, ниту ќе ја урне Владата, ниту парламентарно мнозинство, изјави хрватскиотп ремиер Андреј Пленковиќ.

Изјавата беше дадена како коментар за најавениот протест на синдикатите во Вуковар поради реформите на пензискиот систем.

– Ниту една иницијатива, а ги има колку сакате, нема да ја урне Владата и парламентарното мнозинство, а посебно не мене. Што се однесува до нашата политика, работиме се без протести, изјави Пленковиќ. Тој оцени дека некои политичари се појавиле само за да профитираат и манипулираат со иницијатвата, додека некои кои ги поддржуваат протести на синдикатите, и самите во 2014 година предлагале да се работи до 67 година од животот.