Регион 07. јули 2020. / 20:20

Плажите во Црна Гора зјаат празни

Плажите во Црна Гора зјаат празни

Туристичката сезона во Црна Гора никогаш не доживеала ваков неуспех, пишуваат тамошните медиуми. Затворањето на границите поради коронавирусот, како и задолжителниот карантин за дел од земјите, го уништи летото за угостителите и туристичките работници. Празните плажи се нем сведок за тоа.

Никогаш не било вака, се жалат угостителите, а сопственикот на едно кафуле покрај плажа открил дека во цела прва смена заработил само едно евро.