Пилотите и стјуардесите на Кроација Ерлајнс од утре почнуваат штрајк , освен доколку државата не именува нова управа.
Утре во 6 часот наутро пилотите , стјуардесите , механичарите и дел од заменскиот персонал на Кроација Ерлајнс утре почнува со штрајк до исполнување на барањата. Тие бараат нов колективен договор , бидејќи на стариот пред 20 месеци му истекол рокот.
Според хрватските медиуми синдикалците на состанокот со Управата не сакале да отстапат од ниедно од 150 барања , поставени уште на почетокот на преговорите во април 2017 година. Управата нуди зголемување на платите за 2,5 проценти и погодности како божикни бонуси и слично .што е неприфатливо за синдикатот.
Утре Кроација Ерлајнс треба да превезе 7 000 патници , а дел од нив веќе почнале да ги откажуваат билетите и да бараат лет со друга компанија . намален е бројот на резервации и за наредните денови .