Регион 30. декември 2019. / 15:00

Педофилот ја намамил Моника во автомобилот со зборовите: Извини девојче

Педофилот ја намамил Моника во автомобилот со зборовите: Извини девојче

Нинослав Јовановиќ ја следел Моника Каримановиќ додека одела во училиште и на тој пат ја киднапирал. Како што се дознава на 20 декември утрината, Јовановиќ Моника ја пресретнал  на две улици до училиштето. Во 7.25 ја запрел, отварајќи го прозорецот на автомобилот и прашал за помош.

И рекол, извини девојче, јас сум нов работник во училиштето, но не можам да ја најдам зградата, можеш ли да ми помогнеш? Девојчето на тоа одговорило дека таа иде во училиште, па тој и рекол дека ќе ја повезе, а таа да му го покаже патот. Така ја намамил да влезе во автомобилот, а потоа ја одвезол – раскажал изворот.