Регион 12. јули 2020. / 21:32

Педесет нови заболени и еден починат од Kовид-19 во Хрватска

Педесет нови заболени и еден починат од Kовид-19 во Хрватска

Во минатото деноноќие во Хрватска се регистрирани 50 нови случаи на Ковид-19, како и еден починат пациент.

Како што соопшти Националниот штаб за цивилна заштита, во моментов во Хрватска активни се 1.117 случаи, од кои 132 се во болница, а тројца на респиратор.

Вкупно во Хрватска од корона вирус се заразени  3.722 луѓе, 119 починаа, а 2.486 се оздравени. Во самоизолација се 4.861 лица.

Вкупно се тестирани 93.571 лица, од кои 763 во последните 24 часа.