Регион 02. март 2020. / 13:10

Партијата на Харадинај со предупредување до Курти: Му оставија ковчег пред зградата на Владата

Партијата на Харадинај со предупредување до Курти: Му оставија ковчег пред зградата на Владата

Опозициската партија „Алијанса за иднината“ (АБК) на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, која е најжесток противник на укинувањето на таксите за производите од Србија и БиХ, му испрати на косовскиот премиер, Албин Курти, ковчег излепен со предупредувачки пораки со кои се бара повлекување на одлуката за таксите.

Членови на АБК го оставија ковчегот пред зградата на косовската влада.

Ковчегот бил излепен со хартии А4 формат на кои, меѓу другото, пишува „100 отсто такси, ветувања, принципи, реципроцитет“.

По таквиот потегм неколкумина млади активисти на АБК биле уапсени. По нивното приведување реагирала заничката-претседател на АБК, Теута Хаџиу, која за тоа ги известила присутните на вонредната седница на парламентот на која се разговара за предлогот на Курти за постепено и условно укинување на таксие.

Длабоко жалам поради апсењето на младите членови на АБК коишто ја споредоа оваа активност – изјавила Хаџиу.

Вонредната седница се одржува на барање на 41 опозициски пратеник, кои се спротивставуваат на предлогот на премиерот.

Поддршка, пак, за таквиот план на Курти изразија од САД, од каде што бараат укинување на таксите веднаш и без услови, што е и ставот на „Демократскиот сојуз на Косово“, партијата што е во коалиција со „Самоопределување“ на Курти.