Траектот „Марко Поло“, кој плови на линијата Анкона – Сплит, утрово околу 7 часот вплови во сплитското траектно пристаниште. Полицијата и санитарната инспекција сите 93 патници ги однесе во двонеделен карантин во сплитскиот хотел „Загреб“, а жупанискиот кризен штаб ќе ги преземе и останатите мерки. Од денес „Јадролинија“ го прекинува поморскиот промет со Италија. Во Хрватска до овој момент се регистрирани 16 заболени од коронавирус.
Италија, пак, прогласи карантин за цела земја, улиците и плоштадите се празни, а може да се патува само со посебна дозвола за одење на работа или за итен случај. Со 10.149 заболени и 632 починати од коронавирусот, по Кина, Италија е втора во светот како најголемо жариште.