Претседателот на Косово, Хашим Тачи и специјалниот претставник на Стејт Департментот за Западен Балкан, Метју Палмер одржаа состанок зад затворени врати, а на претставниците на медиумите, снимањето било ограничено на 30 секунди.
Се очекува од кабинетот на Тачи да се огласат преку соопштение во кое ќе има поединости во врска со разговорите, пренесува Косово онлајн. Приштинските медиуми веќе известија дека Тачи и Палмер во Претседателството на Косово ќе разговараат за продолжување на преговирите со Белград, што претходно американскиот дипломат си го зададе како еден од приоритетите за време на неговиот мандат.
Укинување на таксите на стоката од Србија и БиХ, кои Косово ги воведе во ноември минатата година исто така треба да биде една од темите на кои американскиот пратеник и косовскиот претседател треба да разговараат во Приштина.
Се претпоставува дека тема на разговор чќе биде и формирањето на Влада на Косово, но и работата на Специјалниот суд за воени злосторства.