Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли тврди дека ниту една земјане го повлекла признавањето на независноста на Косово, додавајќи дека кога некоја држава би го повлекла признавањето на друга, тоа би значело прогласување воена состојба, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пацоли вели дека ако една вербална нота за признавање е испратена до одредена држава, тогаш и за повлекувањето, со нота треба да се известена истата држава.
– Кога ќе го повлечеш признавањето на една држава тоа му доаѓа дека си прогласил воена состојба. Ви гарантирам дека Министерството за надворешни работи нема добиено ниту една вербална нота за повлекување на признавањето, изјави Пацоли во интервју за КТВ.
Според него, се тоа што се случува околу наводните повлекувања на признавањата на независноста на Косово е очигледна кампања на Србија.
– Ако погледнете добро, има еден лист хартија кој се појавува за сите држави за кои тие (Белград) велат дека го повлекле признавањето. Повикуваат премиер на една земја и поради гостопримството кое му го пружаат го принудуваат да изјави дека ќе ја разгледа можноста за повлекување на признавањето. Тоа подоцна го користат за да кажат дека признавањето е повлечено, изјави шефот на косовската дипломатија.