Претседателот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли, соопшти дека со Србија може да разговараат само за три работи, односно, независно Косово, Уставот на Косово и границите.
Притоа тој му упати и како што рече јасна порака за српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ има само една шанса да го признае Косово. Тоа е реалноста. Таа држава е родена и нема враќање назад. Тоа е единственото решение и се друго ќе оди полесно , рече Пацоли.
Тој истакна дека истото му го кажал и на Слободан Милошевиќ, потенцирајќи дека Косово е држава која постои одамна.
Тој исто така вели дека приказната за размена на територии помеѓу Србија и Косово е невозможна и многу опасна.