Еден 82-годишен пациент во болницата „Ковид“ во Клиниката за рехабилитација на Клиничкиот центар Ниш нападна медицинска сестра, потврди српскиот министер за здравство Златибор Лончар на прес-конференција на Кризниот штаб.
Тој посочи дека ваквите работи се недопуштени и не смеат да се повторат, и дека работниците се херои кои се ставени на располагање на сите нас.
Инцидентот бил пријавен на 30 јули, а полицијата веднаш отишла на местото на настанот и го известила Основното јавно обвинителство во Ниш.
Според полицијата, имало физички конфликт помеѓу медицинската сестра и пациентот, роден во 1938 година.
Точно е дека здравствен работник бил нападнат на работно место. Тоа е неприфатлив чин во ситуација кога медицинскиот персонал низ целата земја ги ризикува своите животи и здравјето да им помогне на болните од„ Ковид-19 , велат од оваа здравствена установа.