Регион 15. мај 2020. / 21:54

Ова се новите правила по кои ЕУ ќе го нормализира авио-сообраќајот

Ова се новите правила по кои ЕУ ќе го нормализира авио-сообраќајот

Во воздушниот сообраќај, планирано е да се воведат електронски здравствени прашалници со цел да се проверат можните симптоми на корона вирус, како и општата состојба на патниците. Задолжително ќе биде носењето заштитни маски, а ќе се воведат зони за проверка на температурата и препораки за одржување лична хигиена.

Ова за српски Курир ексклузивно го открива проф. Д-р Оља Орокорило, претседател на Управниот одбор на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија, која беше претставник на земјата на првиот вонреден состанок на Европската агенција за безбедност во сообраќајот (ЕАСА), што се одржа вчера на тема воспоставување на нормални операции во воздушниот сообраќај.

– Одредени мерки ќе се користат не само во текот на летот во патничката кабина, туку и на аеродромскиот терминал, при поаѓањата и пристигнувањата. Во моментов, критично прашање во врска со стартот на патничкиот транспорт е концептот на воведување т.н. картичка за локација на патникот, која патниците би ја пополниле пред слетувањето, по можност во електронска форма, и би ги содржела името и презимето на патникот, телефон или е-пошта и бројот на место во авионот. Идејата засега е контроверзна затоа што прашањето за заштита на личните податоци не е решено, но корисно е затоа што на овој начин би им овозможило на здравствените институции, во соработка со авиокомпаниите, едноставно да лоцираат патник доколку се сомневаат дека е заразен или имал контакт со заразени, објаснува д-р Чокорило.

Според неа, укинувањето на ограничувањата за летови се очекува да започне во рамките на ЕУ уште кон крајот на мај, со враќање прво на линиите во рамки на самата Унија, а потоа и во меѓународниот сообраќај на одредени дестинации.

Според Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, првите комерцијални летови се очекуваат кон крајот на мај и почетокот на јуни.