На почетокот на август лидерот на ДУИ Али Ахмети треба да се појави пред „специјалниот суд за УЧК“ во Хаг. Сатусот му е засега непознат, дали ќе биде само сведок или можеби и осомничен за учество во злосторствата на УЧК врз цивили во Косово.
Што е тој суд и како функционира?
Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за УЧК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја почна во јануари минатата година, од кога, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивили од албанска, српска, ромска и друга националност, според досегашните информации, се повикани околу 300 поранешни припадници на ОВК.
На крајот на јуни годинава беше објавено дека Специјалното обвинителство покренало обвиненија против некои од основачите и водачите на ОВК, меѓу кои и актуелниот претседател на Косово Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен собраниски спикер Кадри Весели.
Тачи, кој од 13 до 17 овој месец беше на распит пред обвинителството во Хаг, изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на државата доколку обвинението против него биде прифатено од судот.