Регион 30. јануари 2021. / 17:09

Откриени мотивите за масакрот во Хрватска во кој со калашников се убиени четири лица

Откриени мотивите за масакрот во Хрватска во кој со калашников се убиени четири лица

Улиците на Шибеник во моментов се под опсада по убиствата кои го шокираа целиот град.

Неофицијалните информации велат дека четири лица најверојатно биле убиени со истрели од автоматско оружје, калашников. Полицијата од Шибеник ги испрати сите расположиви сили на терен и сè уште трага по осомничениот убиец, пишува Слободна Далмација.

Полицијата негира дека убиецот е мртов и испрати важно соопштение до граѓаните во кое е наведено возилото и неговите регистарски таблички кое ги користи машко лице доколку го забележат да не се приближуваат туку веднаш да ја известат полицијата.

Неофицијално, меѓу убиените е стечајна управителка. Таа и уште две лица биле убиени од изесен Бранко Колопер, сопственик на фирма од Шибеник, кој имал синџир на пекари во градот. Откако ги застрелал во областа Шибеник, Колопер седнал во автомобилот и се упатил кон Водице, каде извршил уште едно злосторстви убивајќи го извршниот директор на трговскиот ланец продавници „Ѓело“.

фото: Јутарњи лист

Веднаш откако медиумите објавија дека се случиле убиствата, во градот се проширила информацијата според која Колопер ги повикал стечајниот управител и уште двајца на состанок на кои требале да преземат дел од неговите деловни простории. Наместо тоа, Колопер пукал со калашников. Потоа осомничениот, со возило отпатувал кон Водице и допрва треба да се утврди дали тој знаел дека четвртата жртва ќе биде таму, пред неговата продавница, или исто така го намамил на состанок.

Тешко е да се шпекулира сега, а по овие убиства, истрагата треба да го покаже и утврди мотивот за ова невидено злосторство во областа Шибеник, пишува Слободна Далмација.