Регион 07. февруари 2019. / 19:46

Откриени 11 коверти со сомнителен прав во Обвинителството во Пиреја во Атина

Откриени 11 коверти со сомнителен прав во Обвинителството во Пиреја во Атина

Во зградата на Обвинителството во атинската област Пиреја биле откриени 11 коверти со сомнителен прав, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, специјалната единица на грчката противпожарна служба ги презела ковертите, а пред објектот стигнале и полициски службеници, јави дописничката на МИА од Атина.

Еден од ковертите бил отворен од вработените во судот и откако забележале дека содржи сомнителен прав, веднаш ги известиле полицијата и противпожарната служба.