Осомниченот за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова го признал убиството. Тој тврдел дека бил многу пијан и дрогиран кога ја нападнал Маринова, која брутално ја тепал и силувал пред да ја задави.
Медиумите од регионот ја пренесуваат изјавата на мајката на 20-годишниот Бугарин, Северин Красимиров кој беше уапсен во Германија, дека нејзиниот син ја признал вината.
,,Тој призна дека го сторил тоа додека бил пијан и многу дрогиран. Тој призна и почна да плаче пред мене, тој не е таков, не можам да го разберам тоа”, изјави Надежда Красимирова на еден бугарски новинар во Германија каде што живее.
Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство поради силување и убиство на новинарката и побараа негова екстрадиција од Германија.