Филип Завадлав (25), главниот осомничен дека го извршил трикратното убиство во Сплит е префрлен во болница.
Поради влошената здравствена состојба, тој денеска не бил во можност да го даде својот исказ во сплитското Oбвинителство.
Хрватските власти потврдија дека тој ќе биде префрлен во затворската болница во Загреб.
Завадлав не бил во состојба да одоговори и пред полицијата веднаш по вчерашното апсење, а според непотврдени инфорmации на затворските чувари само им зборувал за самоубиство.