Регион 10. јули 2018. / 18:46

Ослободени петмината Срби кои беа уапсени во Гњилане

Ослободени петмината Срби кои беа уапсени во Гњилане

Петмината косовски Срби кои беа уапсени во денешната акција на полицијата во Гњилане, попладнево се ослободени.

Веста за телевизијата КТВ ја потврди главниот обвинител на Основното обвинителство во Гњилане, Јетиш Маљоку.

Петмината Срби беа приведени како осомничени за „дејствија против Уставот и безбедноста на Косово“.

Ослободувањето уследи откако Белград се закани дека на неопределено ќе го прекине дијалогот со Приштина, доколку уапсените не бидат ослободени.