Регион 07. февруари 2021. / 23:05

Опасност од атентат: Вучиќ го чувале повеќе од 850 специјалци

Опасност од атентат: Вучиќ го чувале повеќе од 850 специјалци

Над 850 специјалци беа распоредени на отворањето на споменикот на Стефан Немања со цел да го обезбедат претседателот, изјави шефот на Управата за криминалистичка полиција на Србија,  Пушиќ.

Тој рече дека разузнавачките информации укажувале  дека ќе се изврши обид за атентат. Пушиќ на ТВ Пинк потврди дека безбедносните мерки се зајакнати кога претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го отвори споменикот на Стефан Немања.