Регион 08. февруари 2020. / 21:58

Опасниот коронавирус стигна и во Косово

Опасниот коронавирус стигна и во Косово

На Универзитетскиот клинички центар на Косово, во Приштина е примен пациент за кој постои сомневање дека е заразен со коронавирус, пишуваат медиумите во Србија.

Пациентот од Велика Британија е сместен на Клиниката за инфективни болести и на полноќ се очекува вонредна прес-конфренција за случајот.

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во светот се искачи на 725, а заразени се околу 35.000 луѓе.