Хрватска нема проекција до кога може да трае епидемијата на корона вирусот, а членот на Националниот штаб за цивилна заштита Крунослав Цапак смета дека во најлош случај животот во оваа земја може да се нормализира дури на почетокот на јуни.
Нема никакви проекции. Работевме само проценка според италијанските модели, како најцрно сценарио, за да видиме дали имаме доволно респиратори и кревети и можеме да кажеме дека има доволно. Лично сметам дека дури на почетокот на јуни ситуацијата ќе се подобри и дека животот полека ќе почне да се нормализира – вели Цапак за загрепски „Јутарњи лист“.
Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје уште кажа дека сонцето позитивно делува за спречување на ширењето на вирусот.
УВ зраците го убиваат вирусот, а што се однесува до издржливоста, тој умира на 70 степени и тоа за само неколку секунди – вели Цапак.