Регион 08. јуни 2018. / 12:34

Одлуката на град во Хрватска предизвика бурни реакции – не сакале сиромашен народ на своите плажи

Одлуката на град во Хрватска предизвика бурни реакции – не сакале сиромашен народ на своите плажи

Градот Црквеница не сака сиромашни луѓе на своите плажи. Иако не е така напишано нигде, хрватските медиуми ја пренесуваа одлуката за забрана на паркирање на подрачјето на градот од 15. јуни до 15. септември, на автобуси кои носат еднодневни туристи од внатрешноста, а тоа ќе се одрази на најсиромашните. Просто затоа што луѓето со помал имотен статус често доаѓаат на еднодневни излети на море во Црквеница.

Невладините организации се обратиле со писмо до министерството за туризам во кое истакнале дека е добро познато дека на таквите еднодневни излети доаѓаат пензионери, па оценуваат дека со тоа се дискриминира една категорија туристи, а тоа се домашни туристи, кои се главно постари лица.

Ваквата одлука може да се прошири и низ другите туристички градови, па организациите бараат итна осуда на оваа одлука и нејзино укинување.