Регион 15. ноември 2020. / 12:15

Од вечер полициски час во Црна Гора: Забрана за движење и за собири

Од вечер полициски час во Црна Гора: Забрана за движење и за собири

Од вечерва стапува на сила полициски час  во Црна Гора кој ќе трае од 21 до 5 часот наутро, како и забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите, одлучи Националното координативно тело.

Исклучоците од забраната за движење се однесуваат на вршење економски активности, решавање на здравствени потреби и хуманитарни причини.

Според новите мерки, кои беа донесени поради влошената епидемиолошка состојба, се планира продавниците и угостителските објекти да бидат отворени до 20 часот, а угостителските услуги може да се вршат до 22 часот.

Забрането е движење надвор од општините од петок на полноќ до недела на полноќ, освен за вршење економски активности, здравствени потреби и хуманитарни причини.

Новите мерки забрануваат верски собири, свадби, сите приватни собири и прослави (родендени, крштевки и други прослави).

Ритуалите се дозволени во верски објекти без присуство на верници.

Мерките, кои ќе траат до 1 декември, предвидуваат максимум четири лица да можат да се движат заедно на отворено.