Регион 10. јануари 2021. / 20:08

Од утре започнува вакцинација против Ковид-19 во Албанија

Од утре започнува вакцинација против Ковид-19 во Албанија

Албанија утре започнува со вакцинација против Ковид 19, објави премиерот Еди Рама.

Тој на социјалните мрежи ја пренесе добрата вест, како што рече тoj.

-Aлбанија постигна договор со американската фармацевтска компанија „Фајзер“ да добие почетна пратка од 500.000 дози од вакцината против Ковид-19 во јануари и февруари, рече премиерот Еди Рама.

Според договорот, Фајзер ќе ги испорача првите 10.750 дози на почетокот на третата недела од јануари и ќе ги испорача преостанатите 30.250 во февруари, а дополнителните пратки се очекуваат подоцна, рече премиерот во изјавата во петокот.

Рама додаде дека Албанија може да добие дополнителни 9000 дози на вакцини преку две неименувани земји во првата половина на јануари. Во исто време, во тек се преговори со уште два произведевачи за дополнителни испораки на дози на вакцини произведени од „Фајзер“ и од компанијата за лекови „АстраЗенека“ од Велика Британија.

Албанија ќе донира дел од набавените дози на вакцини на Косово за вакцинирање на здравствените работници во болницата назначена за борба против Ковид-19 во Приштина.