Регион 19. август 2020. / 14:04

Од петок забрана за организирање забави на Миконос и на Халкидики

Од петок забрана за организирање забави на Миконос и на  Халкидики

Откажување на сите настани како што се забави со жива музика, литии, пазари и слично, забрана за јавни и приватни собири на над девет лица, задолжителна маска и надвор и во затворените објекти, како и дозволени најмногу четири лица на една маса во кафулињата и рестораните, се мерките кои од петок стапуваат во сила на грчкиот остров Миконос и на Халкидики.

За дополнителните рестриктивни мерки било одлучено на денешниот состанок во Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, по вчерашниот зголемен број позитивни случаи во конкретните делови и за да се ограничи дополнителното ширење на коронавирусот.

Исти рестриктивни мерки веќе се во сила на островите Парос, Андипарос и Порос .

Миконос и на Халкидики, се дел од 16-те грчки региони во кои веќе се спроведува мерката забрана за работат од полноќ до 7 часот наутро угостителските објекти, кафулињата и слично.

Новите ограничувања ќе стапат во сила во петок наутро и ќе важат во следните 10 дена.