Регион 05. февруари 2019. / 12:40

Од грип во Србија починаа 6 лица

Од грип во Србија починаа 6 лица

Од последица на вирусен грип во Србија од почетокот на сезоната починаа 6 лица, а регистрирани се 68,516 заболени со симптми на сличен грип, што е за 10 отсто поеќе отколку во истиот период минатата година.

Според податоците на Имнститутот за јавно здравје на Србија, во земјата е регистриран „низок интензитет на активност на вирусен грип“, додека во европскиот регион, во поголемиот број на земји активноста на вирусот е на средно ниво.

Директорката на клиниката за инфективни болести во Белград, Ивана Милошевиќ вели дека сите кои имаат жотежнато дишење или гушење, мора да одат под итно на лекар.