Регион 23. декември 2020. / 11:37

Од денеска влез во Косово само со задолжителен ПЦР тест

Од денеска влез во Косово само со задолжителен ПЦР тест

Министерството за внатрешни работи известува дека преку ЗКЦ Долно Блаце денеска е добиено известување дека од 23.12.2020 година од 05 часот за влез во Косово за македонските граѓани потребен е ПЦР тест не постар од 72 часа.

За транзитирање низ Косово во моментов не е потребен тест, а товарниот сообраќај се одвива непречено.