Регион 25. јули 2020. / 12:24

Од 100 новозаразени во БиХ дури 82 случаи се во Сараево

Од 100 новозаразени во БиХ дури 82 случаи се во Сараево

Уште 100 луѓе се заразени со коронавирусот во Федерацијата БиХ, од кои најголемиот дел се во Сараево – 82.

Тестирани се 365 примероци во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а вирусот е потврден, освен во областа на Сараево, кај девет лица во Травник, три во Горажде, две во Бугојно и Бусовача и едно лице во Усиколина и Нова Била.

Хоспитализирани се 72 пациенти, од кои еден е на респираторна машина.