Асоцијацијата на угостители на Грција денеска објави дека од 1 мај грчкиот специјалитет поскапува за 15 отсто.
Поскапувањето доаѓа поради зголемената цена на месото за 30 отсто од 1 март, што угостителите веќе не можат да ја следат со сегашните цени.
Цената на една гиро пита од 1 мај, кога почнува и туристичката сезона во Грција, ќе биде 3 евра.