Регион 17. јули 2018. / 12:06

ОБСЕ ги повика косовските институции да го решат случајот со убиството на Оливер Ивановиќ

ОБСЕ ги повика косовските институции да го решат случајот со убиството на Оливер Ивановиќ
Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Приштина ги повика косовските инстутуции да го решат случајот со убиството на еден од српските лидери во земјата, Оливер Ивановиќ, кој беше застрелан на 16 јануари во северна Митровица, пишува „Газета Експрес“.

 

Во соопштението објавено на „Фејсбук“, мисијата на ОБСЕ нагласи дека шест месеци по убиството на Ивановиќ, виновниците остануваат на слобода, а напредокот на истрагата е мал „Неодамнешната средба меѓу инспекторите од Приштина и Белград се позитивни и ние го охрабруваме спроведувањето на законот. Сите засегнати страни треба да направат сè што е можно за да се фрли светлина врз ова прашање. Како што рековме на денот на убиството на Ивановиќ, овој случај е главен тест за владеењето на правото на Косово и останува таков и до денес“, се нагласува во соопштението на ОБСЕ.

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари годинава, пред седиштето на политичката партија „Слобода, демократија, правда“, на чиешто чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени од страна на полицијата.