По тридневниот застој предизвикан од невремето во Јадранското Море, повторно се воспоставени катамаранските линии што го поврзуваат Сплит со островите во централниот дел на Јадранот.
Од „Јадролинија“ соопштија дека со оглед на подобрените временски услови, овозможена е пловидба на сите катамарани по редовен ред на пловидба.
Катамаранските и бродските линии од Сплит, Задар, Риека беа прекинати поради силниот ветер кој предвизика големи бранови во Јадранот.