Регион 03. август 2018. / 14:30

Објект со оружје и муниција е откриен во Тирана

Објект со оружје и муниција е откриен во Тирана

Албанската полиција ја финализираше акцијата насловена „база“ откривајќи во Тирана објект со оружје и муниција, од каде се снабдувале криминални групи и поединци.

Во акцијата запленети се три автоматски пушки модел 56, две полуавтоматски пушки, три парчиња расклопени снајпери, боева муниција од различен калибар и други видови огнено и ладно оружје.

Уапсено е лицето Рамазан А. (64 ) жител на Тирана, кој и претходно бил осудуван за „недозволено производство и поседување оружје и боева муниција“.

Неговиот дом бил претворен во магацин за снабдување со оружје и муниција на криминални групи и поединци за вршење криминални активности.

Пред судот во Тирана тој ќе одговара за кривично дело по две основи „поседување оружје и муниција без дозвола“, како и „производство и поседување ладно оружје без дозвола“.

Во немирите пролетта во 1997 година од воените магацини албанските граѓани однесоа над 700 парчиња разновидно оружје и над 1,5 милиони куршуми. Дел од него потоа беше шверцувано во соседните земји, најмногу во Косово, но и во Македонија, беа спроведени акции за доброволно предавање на оружјето, но сепак дел се уште е во рацете на албанските граѓани.