Регион 29. август 2018. / 14:52

Обид за убиство на хрватски градоначалник – му испаднало тркало од автомобилот додека возел, а потоа забележал уште нешто

Обид за убиство на хрватски градоначалник – му испаднало тркало од автомобилот додека возел, а потоа забележал уште нешто

Сањин Рукавина, градоначалник на хрватскиот град Сења и член на ХДЗ, утринава во полиција пријавил обид за убиство.

Како што за хрватски „Индекс“ е потврдено од полицијата, тие примиле казнена пријава и во тек е криминилистичка обработка.

Рукавина утринава со службениот автомобил имал сообраќајна незгода, откако му отпаднало тркалото, а на уште две места шрафовите биле одвртени.

-Примивме казнена пријава и по пријава се постапува, за „Индекс“ кратко изјавила Марија Божиќевиќ, портпаролката на полицијата во овој регион.

Рукавина не бил расположен за разговор правдајќи се дека има состанок.